Утрински Весник
Спорт

Пикси ѝ се извини на нацијата за фијаското во Катар

Пикси ѝ се извини на нацијата за фијаското во Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси и се извини на нацијата за фијаското на Светското првенство во Катар. Србите на Мундијалот заминаа со големи амбиции, но завршија како последни во групата со Бразил, Камерун и Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Пиксе, во понеделникот, ги собра репрезентативците за престојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во Германија.

„И должам на нацијата извинување за очекувањата во врска со Светското првенство, без разлика дали беа претерани или не. Им должам извинување најмногу на оние луѓе кои беа во Доха, кои ни дадоа неверојатна поддршка, бидејќи ги разочаравме со постигнатите резултати. Сите очекувавме да го поминеме првиот круг. Имавме проблеми, но не бараме алиби. Пласманот на ЕП треба да го врати угледот што го создаваме две години“, рече Стојковиќ и додаде:

„Бев разочаран, што е сосема нормално. Не ја исполнивме целта, но не видов никаква трагедија во тоа. Ти треба и малку спортска среќа, ја немавме за разлика од некои други тимови, на кои среќата им беше добар пријател. Направив длабока анализа на се, од првиот тренинг до последниот ден. Се сметам себеси за одговорен. Јас сум одговорен за се што се случи и тука нема простор за дискусија. Како што одлучувам за ростерот, кој ќе игра, истото важи и за тој резултат. Заврши еден циклус од две години, бевме добри, па малку паднавме, сега е нов, со голема желба да одиме во Германија. Мислам дека имаме квалитет за тоа, но ќе одиме чекор по чекор.“

Србија во петок ќе ја пречека Литванија, а в понеделник ќе гостува во Црна Гора.

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито