Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Пикси ја цитира Александра Пријовиќ на прашањето за Влаховиќ и Митровиќ

Пикси ја цитира Александра Пријовиќ на прашањето за Влаховиќ и Митровиќ
Img 7972

Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси пред јавноста го образложи списокот на повикани играчи за СП во Катар и ја коментираше состојбата на најдобрите српски напаѓачи пред Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ ги пропуштија последните неколку натпревари на Фулам и Јувентус, а за шест дена почнува Светското првенство. Медиумите шпекулираат дека тие двајца нема да бидат подготвени за првиот натпревар на Мундијалот, против Бразил на 24.ноември.

„Ниту еден тренер не сака кога неговите играчи не играат и се далеку од теренот поради повреди. Очигледно е дека се надвор од тимот долго време. Верувам дека се ќе биде добро. Постои песна на Александра Пријовиќ која вели „не e на кого му е кажано, туку на кого му е судено“. Се надевам дека се ќе биде во ред. А и да не е, ќе најдам решение – полесно или потешко. Одиме во Катар во мир. Веројатно, во наредните денови повеќе време ќе минувам со лекарите и медицинскиот персонал. Се уште ги немам видено играчите,би требало да дојдат денеска. Тренингот е во шест. Имаа обврски,играат за своите клубови. Не се сомневам дека двајцата ќе дадат се од себе да бидат достапни. А сега дали ќе играат или не…“, изјави Стојковиќ.

Покрај Бразил во Г-групата, противници на Србија ќе бидат и Камерун, односно Швајцарија.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг