Утрински Весник
Свет

Пијаните возачи во Молдавија ќе мора да мијат мртви тела ако сакаат да им ја вратат дозволата

Пијаните возачи во Молдавија ќе мора да мијат мртви тела ако сакаат да им ја вратат дозволата

Според новата програма за сузбивање на возењето под дејство на алкохол, на пијаните возачи во Молдавија ќе им биде понудена шанса да си ги вратат возачките дозволи доколку некое време работат во мртовечница.

dobivaj vesti na viber

Тоа е таканаречена програма за превоспитување, а беше одобрена минатата година.

Возачите кои ги изгубиле дозволите поради возење во пијана состојба ќе можат да платат околу 225 долари за да добијат пристап до оваа програма, која трае три месеци. Просечната месечна плата во Молдавија е околу 340 долари, пишува „Публика“.

Во рамките на програмата, возачите казнети за седење зад волан во алкохолизирана состојба ќе помогнат во лекувањето на загинатите во сообраќајни незгоди, но доколку во тој период нема такви, тогаш ќе работат со лекари во мртовечници.

„Публика“ наведе дека првата програма од ваков вид започнала неодамна во мртовечницата во Кишињев, а на неа присуствувале шест мажи. Тие му помагале на судскиот вештак во миењето на труповите пред обдукцијата, но и во други задачи, како вадење урина и измет од телата на починатите.

Сепак, не сите учесници на оваа програма поминаа лесно. Еден излетал од мртовечницата по само неколку минути работа.

„Ова ме мотивираше да не пијам алкохол, ниту капка во животот. Не сакам повеќе да одам таму. Ова што го гледате во мртовечницата е вистинска лекција”, изјавил еден од учесниците кој останал во програмата.

Валериу Савчиуч, директор на Центарот за судска медицина, рече дека овој проект ќе има огромен психолошки ефект врз пијаните возачи.

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани