
На 11.04.2026 во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Македонска Каменица, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При извршен алкотест, било констатирано дека М.М. има 2,25 промили алкохол во крвта, В.М.- 1,65, а М.А.- 1,18 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

