Утрински Весник
Свет

Пијана ја престигнала колоната, го исфрлила патникот и го претепала: Полицајците му помогнале

Пијана ја престигнала колоната, го исфрлила патникот и го претепала: Полицајците му помогнале

Дваесет и петгодишен возач вчера околу 19:10 часот во Славонски Брод, Хрватска извршила сообраќаен прекршок и потоа го исфрлила сопатникот од автомобилот и физички го нападнала. На човекот му помогнала полицијата.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајните полицајци од Славонски Брод запреле автомобил кој ги прекршил сообраќајните прописи и престигнал колона возила

„Приватниот автомобил го управувала 25-годишна жена која откако застанала со викање и бучава го нарушила јавниот ред и мир и ја турнала 40-годишната сопатничка од автомобилот, која и физички ја нападнала.

Понатамошниот напад бил спречен од полициски службеници, а 40-годишната жена ја одбила понудената лекарска помош“, соопштија од Полициската управа Брод-Посавина.

Полициски службеници извршиле алкотестирање на управувачката на возилото, чија концентрација на алкохол во крвта изнесувала 1,08 промили, и против неа поднеле пријава за сторени прекршоци, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол