Утрински Весник
Македонија

Пијан возач удрил велосипедист – 24info.mk

Velosiped 1.jpg

На 05.11.2025 во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот