Утрински Весник
Македонија

Пијан и без возачка направил сообраќајка па нападнал полицајци

Policija 1.jpg

ОВР Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило” и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста”.

Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка” во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло” со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници. Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.


Можете да прочитате

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот