Утрински Весник
Македонија

Петти ден без знаци од исчезнатиот белгиски турист кај Охрид

Img 4326.jpeg

Националниот сојуз за планинско спасување објави дека веќе петти ден трае акцијата за пронаоѓање на белгиски турист кој исчезнал за време на планинарење по патеката High Scardus Trail, која се простира низ Албанија и Северна Македонија. Туристот започнал да ја следи 14-та етапа од патеката во Хиноске, Албанија, на 18 септември, со план да го заврши своето патување до 22-та етапа, завршувајќи го походот во Св. Наум на Охридското Езеро.

Акцијата за пребарување и спасување, која започна во средата, вклучува соработка меѓу националните спасителни тимови на Северна Македонија, Албанија и Косово, како и Интерпол и Граничната полиција. И покрај темелното пребарување на етапите 14 до 20 на македонска и албанска територија, сè уште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.

„Немаме никакви информации за неговата локација. Нашите тимови пребаруваат по најтешките и најнепристапни терени. Се надеваме на позитивен исход,“ изјавија од Националниот сојуз за планинско спасување.

Во акцијата учествуваат волонтери од Планинската спасителна служба при Црвениот крст Охрид, здружението за заштита и спасување Асклепиј од Скопје, водичи од Македонската асоцијација на интернационални водичи, како и локални планинари од општина Ростуше. На албанската територија, спасителни екипи од Косово ги пребаруваат непристапните делови на патеката.

Претседателот на Националниот сојуз на планинско спасување е во постојана комуникација со конзуларното претставништво на Белгија во Албанија, МВР и Интерпол, координирајќи ги сите активности со цел безбедно враќање на исчезнатиот турист.

Можете да прочитате

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец

Детали за пукањето во Чаир: Маж ранет на улица, во болница го донел неговиот брат