Утрински Весник
Магазин

Петте најубави божиќни саеми во Европа

Петте најубави божиќни саеми во Европа

Медиумите издвоија некои од прекрасните божиќни саеми со идеални локации за одлични празнични фотографии.

dobivaj vesti na viber

Светилки, украси, колачи, варено вино, фритули… Се наближува најубавото време во годината. Многу европски градови нудат настани како од бајка совршени за фотографирање.
Инфлуенсерите секоја година патуваат на некоја од овие дестинации и го украсуваат својот профил на „Инстаграм“ во празнично руво.

Ова се петте европски дестинации за оние што планираат да патуваат за претстојните празници.

Виена – Австрија е позната по многубројните саеми и концерти пред Божиќ. Таа е омилена туристичка дестинација поради многубројните културно-историски споменици, а голем број туристи се слеваат во Виена, која е најсвечена за време на Божиќ и во периодот кога се одржуваат традиционалните саеми.

 

Посета на главниот симбол на Виена, катедралата „Св. Стјепан“, која се наоѓа во центарот на стариот град и е под заштита на УНЕСКО, а пред која се одржува најспектакуларниот саем за време на новогодишниот пазар. Катедралата обично е осветлена ласерски во повеќе бои, кои даваат дополнителна посебна божиќна атмосфера.

 

Тука се и замоците Шенбрун и Белведере, во чии дворови ќе го најдете најубавиот накит за украсување на елката. За време на божиќните празници дрвјата пред зградата на парламентот се украсени со прекрасни сини светла, кои на голите крошни им даваат романтичен изглед. Со традиционалните топли австриски колбаси и вино со каранфилче, туристите обично ги посетуваат забавниот парк „Пратер“ и неговиот монументален кружен рингишпил, место од кое има прекрасен поглед на целиот украсен град.

Будимпешта – еден од најубавите градови во Европа – привлекува туристи од целиот свет со своите културни и историски знаменитости. Во зима унгарската метропола е исклучително посакувана дестинација благодарение на популарниот саем и многуте атракции.

Славењето почнува во базиликата, каде што повеќе од 100 занаетчии и гастрономски продавачи нудат популарна саемска храна, украси, ракотворби и многубројни подароци.

Лондон – доколку сакате да почувствувате вистинска зимска и празнична атмосфера со духот на минатото, Лондон е совршено место за токму такви моменти. Туристите најмногу ги привлекуваат божиќните украси на улицата Оксфорд. Оваа улица е украсена со илјадници божиќни ѕвезди, што ѝ дава магичен изглед.

Тука е и волшебната зимска земја на чудата во „Хајд парк“, која нуди многу разновидни и бајковити штандови, големо зимско лизгалиште, вртелешки и адреналински возења, како и тематски барови за возрасни. За најспектакуларен поглед на градот, удобно седнете во големото тркало, кое ќе ве издигне на 60 метри над Лондон.

Париз – иако на Париз не му недостига шарм, Божиќ многу му прилега – украсен со новогодишни светилки и лампиони нуди уште поголемо доживување од вообичаено. Покрај украсените улици, кои сами по себе се доволна атракција, од студот секогаш можете да се засолните во некој од затворените простори на Париз, кои исто така се украсени во божиќен дух.

Берлин – празничниот настан во Берлин е посебно искуство бидејќи секој посетител може да ужива во над 50 празнични саеми. Иако во градот има голем број саеми, за туристите секогаш најпривлечни се оние во самиот центар на градот. Можете да изберете од многуте продавници по должината на познатата градска улица, островот музеј и многу други локации.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста