Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Petrushevski.jpg

Прес конференција на Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ:

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но, за нас тие не се изненадување. 

Подолг период укажуваме дека ова криминално дуо Заев-Филипче, мора да одговара за своите постапки. Речиси секојдневно излегуваат нови сведоштва, признанија и сериозни сомнежи за начинот на кој функционирале додека ја воделе државата. 

Покрај златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија, Филипче и Заев во време на КОВИД пандемијата, ја зграпчиле можноста да му ја преземат болницата Жан Митрев, од истоимениот сопственик.

Начинот на кој Заев и Филипче биле спремни да ја земат болницата, во ек на пандемија и вонредна состојба во државата е вистински мафијашки модел на дејствување.

Според изјавите на др. Жан Митрев, Заев и Филипче рекле дека тие ќе ја одредат вредноста за откуп на уделите во болницата, а за возврат ќе му помогнат во судскиот процес. Дали ова е моделот по кој Филипче сака да ја води Македонија доколку повторно дојде на власт? Дали по сите сомнежи и афери што се врзуваат за неговото име, тој мисли дека се уште има кредибилитет да биде дел од политичката сцена?

Наместо да поднесе оставка и да ја препушти СДС на чесни и млади луѓе, Филипче ја држи фотелјата на Заев и продолжува да работи по негови насоки.

Ете почитувани, како СДС, со Заев и Филипче ја водеше државата. Со притисоци, закани, уцени и криминал. Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот!

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи