Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Димовски, Зечевиќ и Муслиу како истакнати кадри на СДС наместо да се грижат за безбедноста на Македонија, тие ги злоупотребуваа безбедносните служби 

Brane Petrushevski 23.10.2024.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денес на подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува” се осврна на нападите од страна на СДС во однос на новопоставениот директор на АНБ, Бојан Христовски. 

„СДС во моментот се наоѓа во политички knock down по дебаклот на последните избори. Тие сега се обидуваат да создадат некакви теми за да добијат политички поени”, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ поставува експерти и професионалци на клучни позиции. 

,,СДС ја сака власта, ги става највисоките луѓе за да ја злоупотребува, а од друга страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ, кое што првенствено го гледа професионализмот, капацитетите, способноста на луѓето на прво место”, се изјасни Петрушевски.

Според Петрушевски, СДС е партија која ги партизирала институциите во повеќе наврати.

„Поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, бил генерален секретар на СДС, а Ерол Муслуи, кој ја претвори агенцијата за разузнавање во партиски штаб, е само дел од оваа слика. СДС не само што партизираше, туку и ги злоупотребуваше безбедносните служби”, истакна Петрушевски.

Петрушевски зборуваше и за случајот со Виктор Димовски, кој, според него беше познат по неговата партиска активност и брутална партизација на АНБ. 

„Тие не ја штитат државата, туку ги следат опозициските пратеници. Виктор Димовски беше директор претходен на АНБ кој се прослави со случајот Онишченко, дојде на таа позиција како поранешен член на Извршен одбор како највисоко партиско тело што им е на СДС член на многу партиски комисии на дипломатскиот совет на сдсм, брутално партиски човек”, посочи Петрушевски.

Во контекст на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, тој нагласи дека е професионалец со над 10 години искуство во безбедносните служби и дека се трудел да ја спроведат правдата, а не да бидат инструмент за партиски цели. 

,,Наместо да ја штитат државата, националниот интерес и безбедноста, да спречат тероризам, тие ресурсите на граѓаните кои што ги добивале преку буџетот ги трошеле да ги следат опозициските пратеници”, заклучи Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ првенствено се фокусира на професионализмот и способностите на луѓето, додека СДС ја злоупотребуваше власта за партиски цели. 

„Ние ставаме експерти, тие ставија партиски членови,” дециден е Петрушевски.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара