Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Петрушевски: Дали Сокол работел по насока на СДС, па затоа молчи Филипче и не смее да се огради?

Petrushevski 1.jpg
Img 7972

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


Дали Сокол работел по насока на СДС, па затоа молчи и Филипче и не смее да се огради?

Се плаши ли СДС и Венко Филипче од Филип Андов Сокол, и тоа што тој може да каже пред органите на прогонот?

Молчат ли СДС и Венко Филипче за криминалот на Сокол затоа што знаеле како партија, и затоа што и сами му давале насоки кого да пушти од затвор, и кои привилегии да ги ужива на слобода, наместо да лежи во ќелија?

Дали молкот во СДС е всушност страв, што се може да каже Сокол? И дали затоа судството под контрола на СДС грчевите се бореше Сокол да не добие притвор, туку да се брани од слобода?

Што знае Сокол, што СДС и Филипче толку ги плаши?

Чии насоки спроведувал Сокол кога шетал криминалци низ Скопје, наместо да ги затвори во ќелија?

СДС да излезе и да каже, или да се огради од Сокол веднаш.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ