Утрински Весник
Македонија

Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси

Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси

Во врска со неодамнешните информации за протерани тројца руски дипломати од државата, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека тоа се лица што работеле спротивно на дипломатските правила и сакале, како што рече, да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.

dobivaj vesti na viber

Стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и секој што ќе се обиде да го попречи тој пат не може да ѝ биде пријател на државата, истакна Петровска на прес-конференцијата со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец.

„Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од какви било влијанија, вклучително и вакви злонамерни. Тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси. Следствено на тоа, сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање туку и на другите безбедносно- разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа. Закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале“, порача Петровска.

Петровска појасни дека секој што сака да го попречи европскиот пат на државата не може да биде пријател.

„Нашиот пат, патот на државата, не само на оваа Влада туку на државата во целина, е многу јасен и многупати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој што ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава“, истакна Петровска.

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка