Утрински Весник
Македонија

Петровска: Вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор зошто излегле на протестот за Фросина

434376028 1189794665676677 5406586046738945304 N E1740826116379.jpg

Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска открива дека вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина. Ова се случило после првиот одржан протест.

Замислете биле прашувани дали ова значи дека се против Владата!?


Вчера, неколку вработени, истотака од претставници на Службата, биле опоменати “да внимаваат на што ставаат лајк и да не поддржуваат самонаречени жртви”

Во услови на сложени геополитички односи и засилени активности на нашата територија на разузнавачки служби кои не се НАТО членки, чуварот на столчето во министерството за одбрана Мисалјовски вака ги поставува приоритетите.

Вака горди не се станува!

Многу скоро, со име и презиме, ќе ги објавам сите скандали на партиски притисоци врз вработените и професионалците во Министерството за одбрана и Армијата, напиша Петровска.

Можете да прочитате

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин