Утрински Весник
Македонија

Петровска: Во СДСМ ги препознавам вредностите кои јас лично ги споделувам

Slavjanka Petrovska 1 2048x1524 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Во СДСМ ги препознавам вредностите кои јас лично ги споделувам и вредностите кои за мене се основата на едно функционирање. Социјадемократијата е идеологија во којашто вредностите кои ги носи таа идеологија ги споделувам јас лично. Веројатно сме се препознале. Така што, можеби луѓето кои во тој период биле активни придонеле многу поблиску да ми се донесе социјалдемократијата. Позитивно се заразив со тоа и не се каам“, рече поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во утринската програма на „Слободен печат“.

Таа додаде дека во партијата е активна од нејзиното полнелство и дека со нетрпение очекувала да наполни 18 години за да се зачлени во партијата.

„Политиката ме примамила несвесно уште пред да наполнам 18 години. Барем тоа ми го кажуваа моите родители кои ми велеа дека отсекогаш знаеле дека ќе се занимавам со политика, веројатно поради интересот што сум го пројавувала. Чекав што е можно побрзо да наполнам 18 години за да се зачленам во Социјалемократскиот Сојуз на Македонија“ рече Петровска.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово