Утрински Весник
Македонија

Петровска во Кремс на состанок на министри за одбрана во Грац

Петровска во Кремс на состанок на министри за одбрана во Грац
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска и утре во Кремс, Австрија ќе учествува на состанокот на министри за одбрана земјите од форматот Грац – Австрија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и на состанокот на земјите – членки на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западниот Балкан, чија цел е засилување меѓусебната соработка во доменот на одбраната.

dobivaj vesti na viber

Во Австрија, министерката Петровска денеска ќе има и средба со австриската министерка за одбрана Калудија Танер на која ќе стане збор за безбедносните предизвици на континентот, како и начините за развој на одбранбената соработка помеѓу двете земји.

Соработката во форматот Грац е иницирана од Австрија во 2018-та година, како начин за засилување на безбедносната соработка со земјите од Западниот Балкан, за што беше потпишана и Заедничка декларација. Овој формат има за цел да овозможи поинтензивен дијалог и соработка во справувањето со современите предизвици како миграцијата, хибридните закани, потоа учеството во операциите на Европската Унија, градењето на капацитети и приближувањето на регионот кон Европската Унија.

Централноевропската одбранбена соработка е формирана во 2010 година, а нејзини членки се седум држави: Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска и Полска како земја – набљудувач. Северна Македонија активно соработува со оваа иницијатива од 2016 година, а главната цел е зајакнување на регионалната безбедност и споделување на одбранбените способности.

Можете да прочитате

Традиционална Бадникова прослава 2026 во Крива Паланка – 24info.mk

Николоски: Градежништвото порасна на 21 % што е историски највисок раст , тоа е резултат на капиталните проекти 

Слаб снег на Стража, Пресека и Ѓавато