Утрински Весник
Македонија

Петровска со командантот на Армијата на САД за Европа, генерал Каволи: потврда за одличната македонско – американска одбранбена соработка

Петровска со командантот на Армијата на САД за Европа, генерал Каволи: потврда за одличната македонско – американска одбранбена соработка

Во пресрет на утрешната конференција на началници на Генералштаб на земјите од САД – Јадранската повелба, министерката за одбрана Славјанка Петровска,  во Министерството се сретна со командантот на Армијата на САД за Европа, генералот Кристофер Каволи, кој воедно е и командант на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за Европа.

dobivaj vesti na viber

На средбата, Петровска и Каволи разговараа за безбедносната состојба во Европа, за придонесот на САД и Северна Македонија во зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата, како и за развојот на соработката помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа.

Министерката Петровска информираше дека Северна Македонија е посветена на имплементација на Пакетот на НАТО цели на способности кој е директно поврзан со унапредувањето на капацитетите на Армијата со цел зацврстување на безбедноста на Северна Македонија, регионот и Алијансата.

„Северна Македонија е посветен сојузник на НАТО и стратешки партнер на САД. Со сигурност можам да кажам дека одбранбениот буџет следната година ќе достигне 2% од брутодомашниот производ, и дека продолжуваме со реализација на плановите за модернизација на Армијата кои се во тек“, рече министерката.

Што се однесува до билатералната соработка, Петровска потенцираше дека сојузничката поддршка од нашиот стратешки партнер САД има суштински придонес во развојот и модернизацијата на Армијата на Република Северна Македонија.

Министерката се осврна и на големиот број на заеднички обуки и вежби со Армијата на САД, при што порача дека тоа е најдобриот начин да продолжиме да ја градиме интероперабилноста во Алијансата.

Генералот Каволи истакна дека соработката помеѓу Армијата на САД за Европа и Армијата на Република Северна Македонија е на највисоко ниво и дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина.

Претходно генералот Каволи оствари средба со началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на кој беше разговарано за заедничките активности на Армијата со Командата на силите на САД во Европа.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор