Утрински Весник
Македонија

Петровска на средба со германската амбасадорка: „Одбранбената соработка се развива интензивно“

Петровска на средба со германската амбасадорка: „Одбранбената соработка се развива интензивно“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството ги прими германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставеното одбранбено аташе потполковникот, Ханс Петер Вамслер.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за развојот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија која се фокусира на одбранбената политика, логистиката, воената медицина воената едукација и обука, персоналниот менаџмент, развојот на инфраструктурата, сајбер безбедноста и цивилно – воената соработка.

„Нашите две земји имаат традиционално одлични односи кои се пресликуваат и во одбраната. Германија е наш посветен партнер и сојузник во Алијансата кој отсекогаш нè поддржувал во достигнувањето на стратешките цели и за тоа сме особено благодарни“, рече министерката на состанокот.

Петровска, Холштајн и Вамслер разговараа и за моменталните случувања на европскиот континент при што се согласија дека НАТО останува обединето во својата цел – одвраќање и одбрана на територијата на Алијансата, а повикаа и на деескалација и итен прекин на воените дејствија во Украина и решавање на сите отворени прашања преку дијалог и по дипломатски пат.

Северна Македонија и Германија во областа на одбраната соработуваат од 1996 година. Германски експерти за персонален менаџмент беа вклучени како советници во изработката на клучниот документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед, а во рамките на билатералната соработка во германските центри за едукација и обука се школувале околу 200 припадници на Армијата. Соработката вклучува и обука по германски јазик која ја имаат посетено околу 200 армиски припадници, а Германија го одобри и барањето за проширување и продолжување на постојната бинационална соработка на вооружените сили на двете држави преку годишни програми и програми за воена помош до 2023 година.

Можете да прочитате

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија

15годишник од Кочани полово нападнал друг малолетник

Со автомобил удрен малолетник во Кичево, кривична пријава за возачот