Утрински Весник
Македонија

Петровска: Мицкоски да одговори дали го дели ставот на Меџити

Slavjanka Petrovska Minister Za Odbrana 19 Bg.jpg

Во изјава за ТВ21, пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска бара премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали ставот на Меџити дека законот за бранители ќе остане заглавен е и став на владината коалиција.

-Со оглед на тоа дека Премиерот Мицкоски изјави дека стои зад бранителите, очекувам со политичкиот кпацитет и авторитет кој го има како некој кој на последните избори освои 500.000 гласови да овозожи Законот да биде донесен. Ова прашање не смее да биде предмет на префрлање одговорност, туку носење политички одлуки. Премиерот Мицковски да одговори дали овој став на Меџити е и став на владината коалиција, вели Петровска.

Инаку првиот вицепремиер Изет Меџити во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека законот за бранителите „ќе остане заглавен“.

– Ние имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е во приоритетите да се донесе таков закон. Тој сега е заглавен во комисија која се води од Илире Даути и очекуваме дека таму и ќе остане, вели Меџити како одговор на прашањето дали од коалицијата ВРЕДИ разговарале по ова прашање со премиерот Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме