Утрински Весник
Македонија

Петровска: Местото за споделување на Тошковски не се партиските лидери, туку институциите за вооружените групи

Img 7403.jpeg

„По службена линија не споделил. Веројатно министерот за внатрешни работи таквите информации побрзал да ги сподели со партискиот лидер, а не со институциите“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24 запрашана за изјавата на Мицкоски дека вооружени групи се организираат во некои скопски општини.

Таа додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ на хартија се залага за департизација, очигледно тоа им е врежано во крвта и сакаат да го вратат дури и во време на техничка влада.

„Местото за споделување од министерот за внатрешни работи не се партиските лидери, туку институциите. Ако веќе тоа што го кажа лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ е точно, не знам зошто МВР дозволува вооружени луѓе да се шетаат по улиците“ рече Петровска.

Министерката додаде дека министерот за внатрешни работи има законска обврска да го санкционира таквото поведение, а не да шири по медиуми или да го прави лидерот на партијата портпарол на МВР.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина