Утрински Весник
Македонија

Петровска и Агелер во посета на мултилатерална обука во касарната „Илинден“

Петровска и  Агелер во посета на мултилатерална обука во касарната „Илинден“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на специјалните сили на македонската Армија, Вооружените сили на САД и армијата на Албанија кои заеднички ги развиваат своите способности и вештини.

dobivaj vesti na viber

Министерката Петровска пред специјалците порача дека и ова заедничко извежбување ја покажува блиската соработка помеѓу сојузниците во НАТО.

„Драго ми е што сите заедно вежбате, ги подобрувате вашите способности и на овој начин ги развивате способностите со кои сте секогаш подготвени да реагирате доколку е потребно. Продолжете да работите заедно затоа што на тој начин сме многу посилни и тоа е нешто на кое ние сите се потпираме“, рече Петровска.

Амбасадорката Агелер се заблагодари за посветеноста на сите учесници на вежбата и порача дека имајќи ги предвид опасностите со кои се соочува светот, индивидуалната и колективната подготвеност е поважна од кога било порано. Додаде дека е горда на заедничката соработка и се заблагодари на Армијата која е и домаќин на вежбата.

Заедничката вежба се реализира во касарната „Илинден“ од страна на здружени состави од специјалните сили од Северна Македонија, САД и Албанија, согласно претходно утврдено сценарио. Заедничкото извежбување ги зголемува оперативната способност и подготвеноста на специјалните сили. Вежбата започна на 21 август годинава, а ќе заврши на 1 септември. Со учеството и обуката на здружените формации се постигнува напредок на одбранбените способности.

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити