Утрински Весник
Македонија

Петровска до Сејдиу за спомен обележјето кај Карпалак: Не мудрувај и постапувај, споменици ќе има

Петровска до Сејдиу за спомен обележјето кај Карпалак: Не мудрувај и постапувај, споменици ќе има

Вербална расправија помеѓу министерката за одбрана Славјанка Петровска и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу околку надлежностите за споменик кај Карпалак. Петровска реце дека споменици ќе има на сите три локации за кои поднела иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за барањето за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години. Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот.

dobivaj vesti na viber

„Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја. Во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети. Драго ми е што го охрабрив и градоначалникот на Бутел после 2 години од неговиот мандат да започне да размислува за ваков споменик и го охрабрувам да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема.
Деновиве се воздржував од коментари на сè што беше кажано во врска со иницијативите за споменици и не сакав да се впуштам во квази политички дебати заради искрената почит која ја имам кон загинатите бранители и нивните семејства. Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“, порача Петровска.

Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу вели дека ова барање е на погрешна адреса бидејќи општината не била надлежна за да одлучува за такво нешто.

На одбележување на масакрот кај Карпалак пред два дена бранителите беа револтирани што по повеќе од две децении од масакрот, надлежните сѐ уште не преземаат мерки да им се оддаде почит на загинатитe на достојно спомен обележје.

И градоначалникот на Бутел рече дека општината започнува да подготвува документација за изградба на споменик и дека дојде време кога Македонија треба да се оддолжи на сите кои го дадоа животот за неа.

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)