Утрински Весник
Македонија

Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу

Img 20240611 Wa0013.jpg

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска.

Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

Можете да прочитате

Министерот Таравари има идеја како да не се повторат скандалите во Онкологија

Николоски: Предвиделе пругата кон Бугарија да биде најскапата во светот

Масовна тепачка во затворот Идризово, снимен моментот кога изби конфликтот (ВИДЕО)