Утрински Весник
Економија

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

20240701102206 Big 730x400 78.webp.webp

Елена Петрова денеска формално ја презеде функцијата директор на Управата за јавни приходи од заменик-директорот Мевљудин Синани.

-Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови, соопштија денеска од УЈП.

Директорката Елена Петрова изјавила дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.

-Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните, изјавила Петрова.

Обраќајќи им се на даночните обврзници, Петрова истакнала дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.

-Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права, нагласила таа. 

Новата директорка на УЈП ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.

Петрова најавила и бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, како и одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист. 

Можете да прочитате

Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата

Димитриеска Кочоска за британскиот заем: Нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи

Димитриеска Кочоска: Почнаа разговорите меѓу министерствата за ребалансот на Буџетот