
Секогаш има кадри, има и млади генерации има луѓе кои се пасивизирани кои можат да се вклучат, треба со нив да се разговара, порача во интервју за ТВ Сител, поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров.
„Треба да има ентузијазам во раководството на СДСМ, треба да има храброст без храброст ништо не се прави. Треба да има доволно политичко искуство, доволжно желба за соработка, да нема конфликтвни ситуации внатре.“ вели Петров.
Според него, сега не е време за дополнителни поделби и јавни препукувања на истакнати членови на партијата.
„Гледаме еве некои јавни препукувања кои на сцената ги има, на луѓе кои имале истакнати функции во државата. Меѓусебни обвинувања. Тоа ја слабее партијата, тоа значи дека има нешто проблематично внатре кое треба да се отстрани. Желбата некој да се етикетира или оцрне доведе до тоа сите здравомислечки луѓе си велам што има јас да влегувам во конфликт, потоа да се соочувам со критикити. Треба сите да се вклучат сите кои имале некаква одговорност, да се приклучат и да му помогнат на СДСМ, бидејќи е во тешка ситуација и тоа е очигледно“ порача Петров.


