Утрински Весник
Економија

 Петок е, убав ден за бојкот на маркети

Ivan Anastasovski.jpg

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски:

Еве јас како уживател на купување по маркети, ќе ја поддржам целосно најавата за петочно бојкотирање на маркетите, со надеж дека тоа може да има одреден ефект над сопсветниците на маркетите, но и да бидам реален над армијата вработени (според некои податоци повеќе од 2000 вработени) во тој сектор во нашата држава. Имено, ако ни се смилуваат сопствениците да се откажат од големите маржи на производи, но во исто време и да го подигнат стандардот н на вработените во тој сектор ќе можеме да констатираме дека сме победиле во оваа битка, оти оваа е само битка, веројатно војната ќе продожи. 


Но, мислам и на тој аспект да се изврши притисок над нашата Влада, таа да ги дисциплинира во одредена мерка сопствениците на маркети, за што верувам дека владата има механизми. Впрочем, да кажеме дека поголем процент на наши граѓани ќе останат на ставот да ги бојкотираат еден ден како форма на предупредување  на маркетите, ден петок убав ден за бојкот, но од сабота пак ќе продолжи старата добра хистерија која ја зафаќа нашата нација да пазари во прилично убави количини во разни маркети, согласно разликите во цените на производи и тоа како да наредниот ден ќе исчезне планетата Земја. Ние, и никој друг, ние лично ги направивме маркетите да остваруваат огромни профити и тоа на наш грб. Според податоците на “Таргет груп. седумте најголеми ланци маркети во напшата држава лани оствариле приход од над 930 милиони евра од кои чист профит биле 35 милиони евра

Факт е тоа дека цените во маркетите не се пропорционални со нашиот македонски стандард, што сакам да кажам имено, при секое мое патување наоѓам време во секој од гардовите кои престојувам да посетам некој од тамошните маркети како што се италијанскиот Конард, германскиот Лидл (спонзор на европски и светеките ракомети натпреварувања), шпанскиот Меркадона (сопственик на спортски систем Валенсија) или пак најголемиот францускиот супермаркет Керфур кој за инфоромација се бојкотирани јавно од граѓаните на Франција и тоа со објавување на летоци и други форми во континуитет поради нивната политика за поддршка на Израел (од политички, не од економско-социјални побуди) и верувајте можам слободно да кажам дека францускиот супермаркет е најскап во однос на другите три споменати супермакеректи. Но, што ми е поентава, цените на одредени, повторувам одредни производи во овие супермаркети се идентични да не речам и поевтини од одредени производи во нашите супермакеркети, особено споредбено со цените на прозводи во Веро маркетите, но стандардот на жителите во овие четири држави во Европската Унија е значително повисок од нашиот македонски стандард.

Што всушност би сакал да постигнам со ова мое писание, би било одлично утре ако сме сите сплотени еднаш заедно да се испочитува бојкотот на маркетите кај нас во Македонија по примерот на Хрватска со цел да се испрати јасна порака дека сме сериозни дека навистина имаме намера да им укажеме на сопствениците на маркетите дека претераа и се заборавија. Да потесетам ниту еден од нив нема сенс за општетсвена одговорност да го инвестираат тој голем профит во образование, спорт, култура, екологија или некој друг општествен сегмент. Сопствениците на маркетите не сум убеден дека ќе бидат испашени и самите знаат дека утре ќе им  се намали прометот, но во сабота, недела (тие што се со право за работа во недела), понеделник и така натаму пак ќе ни го соберат домашниот буџет. Затоа, она што е навистина важно за сите нас е да пробаме  да ја убедиме Владата, да им изврши сериозен притисок на сопствениците, се со цел да се вразумат и да бидат реални  при определување на маржата на призводите.

Конечно, петок 31 јануари е ден кога ќе се истестираме дали сите без оглед на нашата етничка, политичка и некоја друга ореинтација знаеме да бидеме едно и да се бориме за наши права со што ќе ја покажеме нашата силата.

Можете да прочитате

(Фото) Македонија утре ќе бојкотира маркети, еве што за тоа мислат читателите

Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите