Утрински Весник
Македонија

Петмина затвореници од Шутка во бегство?

Zatvor 880x600 1.jpg
Dik 300x250 mk

5-мина осуденици од затворот Скопје во Шутка претпладнево се уште се во бегство и ги нема во келиите, потврди за Телма директорот на затворот Филип Андов.

4-ца затвореници недостасуваат од понеделникот наутро кога при проверка било утврдено дека не се во затворот.

Еден затвореник го нема од петокот.

Додека затворениците се во бегство, новиот директор на Управата за извршување на санкции Александар Пандов го обвини актуелниот директор на Шутка, Андов дека примал мито од затворениците и овозможувал трансфери во работни единици каде веќе имало доволен број на осудени лица.

Андов најави дека ќе му поднесе тужба за клевета на Пандов и со контранаводи го обвини дека непрофесионално постапил, им се јавувал на затвореници по телефон наместо да ја извести полицијата поради што предизвикал бегство на 4 затвореници.

Директорот Пандов пак побара истрага од обвинителството откако при вонреден надзор на затворот во петокот навечер откри дека недостасуваат 11 затвореници.

Пандов ни изјави дека во моментот има инспекција во затворот која ќе утврди што точно се случува со осудените лица кои се во бегство.

Можете да прочитате

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор

Турција и Балканот: стабилност, а не закана