Утрински Весник
Свет

Петмина руски планирани загинаа освојувајќи го седмиот највисок врв во светот

20241008100558 Big 730x400 72.webp.webp

Петмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал.

Руски планинари се искачија на планината Даулагири висока 8,167 метри. Во Непал во моментов е во тек есенската сезона на качување.

Планинарите беа исчезнати од неделата, а денеска нивните тела беа забележани од спасувачки хеликоптер, изјави Пемба Џангбу Шерпа од „I AM Trekking and Expeditions“, со седиште во Катманду.

Се уште не е одлучено дали, кога и како телата ќе бидат симнати од планината. Таквата операција би барала обемно планирање, работна сила и соодветна опрема.

Двајца руски планинари всушност стигнале до врвот, додека останатите планинари почнале да се враќаат без да стигнат до врвот.

Меѓутоа, тогаш радио контактот меѓу нив и членовите на тимот во базниот камп бил изгубен. Минатиот месец започна есенската сезона на качување, која не е толку популарна како пролетната сезона.

На планините има помалку гужви, а таксите за дозволи се пониски. 

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата