Утрински Весник
Македонија

Петличковски: Најголем дел од заболените со пертусис се невакцинирани деца на возраст до 5 години

Aleksandar Petlickovski 960x566 1.jpg

Бројката е ирелевантна и реално е да се очекува зголемување на бројот на случаи на пертусис овие денови и недели, па затоа и Комисијата се одлучи за превентивни мерки, мислам навремени, со цел да спречиме огромно зголемување кое може да биде сериозно и да донесе проблеми какви што ги гледаме во околните земји, изјави проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, во денешната „Топ тема“ на ТВ Телма. Бројот на случаи со пертусис, сметајќи ги и денешните четири нови случаи, се искачи на вкупно 26 во земјава.

„Најголем дел од заболените лица се невакцинирани деца, но меѓу потврдените случаи има и вакцинирани. Има и некомплетно вакцинирани. Најголем дел се деца до петгодишна возраст, но потврдени случаи има и кај родени во 1979 година, во 1973 година“, изјави проф. д-р Петличковски.

Моментално, како што додаде, нема информации дека некој од згрижените пациенти е во потешка состојба.

„Најголем дел од нив се дијагностицираат и се испраќаат на домашно лекување“, рече првиот човек на Комисијата за заразни болести.

Можете да прочитате

Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил

Пожар во паркирано возило во Дебар

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово