Утрински Весник
Македонија

Петар Богојески: ЗНМ да се извини за крајно манипулативниот и тенденциозен текст или ќе бидам приморан да покренам постапка за клевета

Screenshot 1 4 701x500 1.jpg

“Почитувани,

од ЗНМ е објавен крајно манипулативен и тенденциозен текст како реакција за наводно навредени новинари од моја страна!


Барам ЗНМ јавно да прецизира за кои новинари станува збор, кој им доделил статус на новинари и како констатирале “навреда кон новинари”.

Дополнително да објасни зошто не побарале изјава од мене пред било каква реакција по било која тема поврзана со мене, што е основна новинарска практика и етика!

Доволно е да се извини за сторената клевета, без да има правни последици!

Доколку не е прецизирано кои се “навредените новинари”, кон кого е сторено делото навреда, ќе бидам приморан за прв пат да покренам постапка за клевета против новинарско здружение и одговорни лица во истото.

Немам пракса за било какви тужби кон новинари, иако сум најклеветениот политичар во земјава, секогаш давам поддршка за слобода на говор и изразување, особено на новинарите, но овој пат веќе сум приморан да посегнам по правни механизми.

Однапред благодарам,

Петар Богојески”

Денес веб порталот Рацин.мк реагира на комуникацијата на Петар Богојески која ја смета за агрсивна и недолична, односно тие обвинија дека Богојески во работно време упатувал навредливи зборови и закани кон уредувачката екипа и новинарите на споменатиот веб портал.

Можете да прочитате

Вечерва ѓубрето од Чаир заврши пред Град Скопје

Полноќен протест: Ганиу со граѓани собира ѓубре од Чаир и го носи пред Град Скопје

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град