Утрински Весник
Свет

Пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Baza Siri A.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку пет ракети се истрелани денеска од ирачкиот пограничен град Зума кон американската воена база во североисточна Сирија, соопштија два ирачки безбедносни извори и висок воен офицер.

Изворите рекле дека ракетниот фрлач бил фиксиран на задниот дел на мал камион во пограничниот град Зумар и камионот се запалил во експлозија на неиспукани ракети кога на небото се појавиле воени авиони.

– Засега не можеме да потврдиме дека камионот бил бомбардиран од американски воени авиони, изјави неименуван воен претставник.

Нападот се случи на денот кога ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани се врати од посетата на САД каде што се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа.

Овој напад од Ирак врз американските сили е прв од почетокот на февруари кога групите во Ирак поддржани од Иран ги прекинаа нападите врз американската војска.

Едно лице загина, а осум беа повредени во експлозија што доцна во петокот ја потресе воената база јужно од главниот град на Ирак, Багдад, што ја користат силите за народна мобилизација на Ирак (ПМФ), изјави претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Американската војска и Израел соопштија дека не стојат зад нападот.

Фракциите во ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но ги прекинаа тие напади во февруари.

Можете да прочитате

ФБИ спречило потенцијален потенцијален терористички напад во Северна Каролина

Чешкиот премиер Бабиш повикува на мир и ги критикува алармистите за војна

Апсења за корупција по пожарот во Хонг Конг