Утрински Весник
Македонија

Пет пациенти од странство се враќаат денес во Македонија, четворица сè уште се критични

Urgenten E1734679317523.webp.webp

Во здравствените установи во земјава се лекуваат 16 пациенти кои беа повредени во пожарот во кочанската дискотека, сите се во добра здравствена состојба. Во клиниките во странство пак има 89, во потешка состојба се четворица, подобрување на состојбата има кај двајца од нив кои се лекуваат во Солун.

„Кај нас се извршени неколку операции со трансплантација на кожа во градската болница и на пластична хирургија, за пациентите кои се наоѓаат во странство во зависност од здравствената состојба и тријажата кога ќе дојдат на конзилијарен преглед ќе видиме дали ќе треба да се направат нови операции или рехабилитација“, изјави д-р Игор Мерџановски, Клиника за трауматологија за МРТВ.


Два месеци пред да се случи несреќата во Кочани, лекарите имале симулациска вежба со слично сценарио, кое, како што вели доктор Мерџановски, им помогнало, затоа што се обновила координацијата меѓу институциите за спасување цивили во кризни ситуации. При транспортот на пациенти учествувале Итната медицинска помош и хеликоптерите на МВР.

Сценариото беше Ласкарци, имаше пожар, имаше изгорени и повредени пациенти. Најважно ни беше што на таа вежба ги формиравме системите и кризните штабови, кога се случи трагедијата во Кочани ние веќе имавме кризни штабови кои беа оформени и поврзани меѓу себе“, изјави д-р Мерџановски.

Можете да прочитате

На комисиска расправа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Непрооден локалниот пат Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“