Утрински Весник
Македонија

Пет мигранти влегле во камион додека возачот правел пауза

Policija 8.jpg

Денеска околу 01.30 часот на Граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) од Скопје, кој управувал товарно возило „сканија” со косовски национални ознаки, им пријавил на царинските службеници дека има некој во камионот.

Од страна на  царински службеници, при прегледот биле пронајдени пет мигранти.

Со нив бил извршен разговор, каде појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, влегле во задниот дел на приколката.

Мигрантите се спроведени во Прифатно транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.  

Можете да прочитате

Граѓански бунт против казните: Блокиран транзитниот пат во Струмица

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола

Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје