Утрински Весник
Македонија

Пет лица кои гаснеле пожар побарале итна помош, изгоре возилото кое го користеле

Brza Pomos.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 11.08.2024 во 16:00 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Еленско блато“ во с.Буковиќ, пехчевско, каде што било интервенирано за гаснење на шумскиот пожар, целосно изгорело возило комбе со пехчевски регистарски ознаки, сопственост на општина Пехчево, а кое било дадено на користење на доброволци цивилни лица кои учествуваат во гаснењето.

Исто така, во 18:20 часот било пријавено дека за време на гаснење на пожарот пет лица доброволци: И.С.(42), Т.Ц.(48), Д.В.(41), М.Н.(64) и Т.А.(57) вдишиле чад и се здобиле со повреди, по што им била укажана помош од Итна медицинска помош Пехчево.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана