Утрински Весник
Свет

Песков: Русија не размислува за новогодишно примирје

Песков: Невозможни услови на Бајден за преговори со Русија
Dik 300x250 mk

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека прашањето за новогодишното примирје со Украина не е на дневен ред.

dobivaj vesti na viber

Песков рече дека Русија не добила предлози за новогодишно примирје од Украина, пренесе „РИА новости“.

Тој додаде дека повлекувањето на руските трупи од зоната за специјални операции во Украина до крајот на годината не доаѓа предвид.

Предлогот за мир на украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече намера за продолжување на непријателствата. Песков го потсети Зеленски за влезот на нови региони во Русија и посочи дека е невозможно да се реши ситуацијата без овие факти.

За време на неговото обраќање до лидерите на земјите од Г7 минатиот понеделник, украинскиот лидер предложи да се снабди Киев со модерни тенкови, артилериски алатки, гранати, како и повеќе ракетна артилерија и ракети со долг дострел.

Путин ја постави крајната задача на специјалната воена операција во Украина за ослободување на Донбас и создавање услови што ја гарантираат безбедноста на Русија.

Можете да прочитате

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети

Голем напад со дронови на Москва

Американски борбен авион и хеликоптер се урнаа во Јужното Кинеско Море