Утрински Весник
Свет

Песков: Русија ќе прима туристи и од непријателските земји

Песков: Русија ќе прима туристи и од непријателските земји

Русија е заинтересирана да прими туристи од непријателски земји, бидејќи луѓето треба сами да ги видат и разберат бројните лаги што се кажуваат за Русија на Запад, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме заинтересирани туристите да доаѓаат да не посетат, вклучително и оние од земјите што ги нарекуваме непријатели. Зошто да не. Луѓето треба да дојдат да ја видат нашата земја и да разберат дека она што го гледаат и слушаат за нашата земја во нивните земји е целосна лага, тоа може да им се објасни дури откако ќе ги поканиме овде“, рече Песков.

Зборувајќи за укинување на визните олеснувања за влез на руски државјани во ЕУ, Дмитриј Песков рече дека Москва ќе се води од сопствените интереси, но дека тоа нема да значи дека руските власти ќе возвратат со иста мерка,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“