Утрински Весник
Свет

Песков: Резолуцијата на ОН за исплата на oтштета на Украина е формализирање на грабеж

Песков: Резолуцијата на ОН за исплата на oтштета на Украина е формализирање на грабеж

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека резолуцијата на ОН за плаќање на отштета на Украина е формализирање на грабежот на руските златни и девизни резерви, пренесува ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека организаторите на овој процес се обидуваат да го завршат грабежот на нашите златни и девизни резерви кои се целосно незаконски блокирани. Всушност, тоа е официјализирање на грабежите со помош на платформата на ОН. Оваа одлука не е правно обврзувачка, па ние сме категорично против тоа. Русија ќе стори сé што може да го спречи запленувањето на замрзнатите руски средства. Не стана збор за обновување на руските објекти уништени во борбите“, изјави Песков.

Вчера Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која Русија одговара за прекршување на меѓународното право против Украина, кое вклучува исплата на репарации. Од 181 земја, 94 гласаа за резолуцијата, додека 14 земји беа против.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство