Утрински Весник
Свет

Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва

Peskov6.jpg

Поканата на рускиот претседател Владимир Путин упатена до американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Москва останува во сила, а натамошните одлуки ќе ги донесе американската страна, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Поканата не е на чекање. Тоа е постојана покана. Путин е подготвен и среќен да се сретне со претседателот Трамп. Сè зависи од одлуката на Трамп“, рече Песков.


Во август, по разговорите со Трамп во Анкориџ, Алјаска, Путин предложи следната средба да се одржи во Москва.

Американскиот претседател го сметаше тоа за можно, иако призна дека поради тоа ќе биде критикуван, наведува руска новинска агенција.

Можете да прочитате

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја

Индонезијците протестираат против центрите за податоци: „Немаме вода“

Земјотрес со магнитуда од 5,7 ја погоди Јапонија, повредени повеќе од 20 лица