Утрински Весник
Свет

Песков: Невозможни услови на Бајден за преговори со Русија

Песков: Невозможни услови на Бајден за преговори со Русија

Американскиот претседател Џо Бајден всушност изјави дека преговорите со Руската Федерација се можни само откако Русија ќе ја напушти Украина, но тоа е невозможно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Откако Бајден претходно изјави дека не планира контакти со Путин во блиска иднина, но дека дозволува таква можност доколку рускиот претседател „покаже интерес“ за прекин на конфликтот во Украина, тој оцени дека Бајден всушност рекол дека преговорите се можни само после тоа Путин ја напушта Украина, пренесува РИА Новости.

Песков посочи дека Кремљ не е подготвен за тоа и додаде дека „специјалната воена операција продолжува“, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток