Утрински Весник
Свет

Перуанската домородна група објави дека ќе ги ослободи заробените 150 туристи

Перуанската домородна група објави дека ќе ги ослободи заробените 150 туристи

Перуанската домородна група денеска објави дека ќе ослободи околу 150 туристи кои ги задржаа на еден ден протестирајќи против наводната владина неактивност по излевањето нафта во река, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Група од областа Ураринас во амазонската провинција Лорето објави дека целта на нивниот чин е да се прошири свеста за загадувањето предизвикано од излевањето на повеќе од 2.000 тони сурова нафта во реката Чинико од нафтоводот Норперуано.

Гасоводот е изграден пред четири децении, а премиерот Анибал Торес го обвини домородното население дека самите го оштетиле, јавува Би-би-си. Приведените туристи, меѓу кои има и Европејци и Американци, не биле повредени или физички малтретирани, јавуваат локалните медиуми.

„Мора да надвладее правото и почитувањето на животот. Во таа светлина, ќе обезбедиме средства за луѓето да можат да се вратат на своите дестинации. Тоа ќе биде пред пладне“, изјави утрово шефот на домородната група, Вотсон Трухило.

Една од туристите, Анџела Рамирез од Перу, телефонски за „Ројтерс“ изјавила дека сè уште не слушнала никакви информации за времето на ослободување.

Туристите биле приведени додека пловеле по речни чамци, а меѓу нив имало едномесечно дете, инвалиди и трудница, рече таа.

Таа претходно изјави за локалните медиуми дека групата првично била информирана дека ќе бидат задржани од шест до осум дена доколку нема решение, додавајќи дека неколку пати биле нахранети.

Медиумите наведуваат дека бројот на приведени лица се движи од 70 до дури 300, меѓу кои меѓу 17 и 23 странски државјани.

Можете да прочитате

„Њујорк Тајмс“: Еднонеделното отсуство од јавноста на врховниот лидер предизвика тревога во Иран

Зеленски во Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за Украина

Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки