Утрински Весник
Македонија

Перински во Делчево: Не запира поддршката за сите општини, градиме цврсти темели за подобар живот на секој граѓанин

Minister perinski vo poseta na delchevo 2.jpg

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска беше дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствуваше на одбележувањето на 149 години од Разловечкото востание, важен историски момент кој ја потврдува борбата за слобода и непокорот на македонскиот народ. На свечениот настан, кој се одржа во делчевското село Разловци, беше истакната важноста на македонското минато, но и обврската да продолжиме да се развиваме и напредуваме како општество.

Денешната посета на Делчево, министерот Перински и премиерот Мицкоски, ја искористија да извршат и увид на градежните активности на два од четирите проекти што се реализираат во Делчево, одобрени на првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Беа во населбата Ново Делчево, каде во тек е реконструкција на повеќе улици со вкупна должина од речиси 2 км, а извршија увид и на изградбата на дел од регулација на река Габровчица во должина од 700 метри.


„Овие проекти се доказ дека ветувањата на Владата се реалност, тие веќе го гледаат светлото на денот. Како Влада, почнавме отворено, транспарентно. Граѓаните и градоначалниците ја препознаваат нашата помош, нашиот партнерски однос кон нив. Политикантството и политичките игри ги оставаме да ги користи нашиот политички опонент, а ние ќе продолжиме да проектираме, да реализираме проекти коишто соодветствуваат на потребите на граѓаните. Така почнавме, верувајте ми, така и ќе продолжиме”, истакна министерот Перински кој потсети дека Општината на првиот владин повик доби 37 милиони денари за четири одобрени проекти, а се очекува да добие околу 115 милиони денари директна финансиска помош за 10 проекти, колку што поднесе на вториот јавен повик.

„За паралела, годишниот буџет на Општината наменет за капитални инвестиции изнесува од 15 до 20 милиони денари и ова го кажувам за да потенцирам колкава е важноста на помошта која Владата ја дава на сите локални самоуправи без исклучок, независно од политичката припадност на градоначалникот”, додаде министерот.

Премиерот Мицкоски изрази задоволство што и во Делчево непречено се одвиваат градежните активности за реализација на проектите од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. „Ова се проекти за граѓаните, не се проекти ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку за делчевчани. И тоа е нашиот мотив, тоа е нашата инспирација”, истакна Мицкоски.

Министерот и премиерот ја посетија и фабриката „Игма Текс”, која претставува успешен пример на локално претприемништво во текстилната индустрија. Фабриката со над 100 вработени е значаен економски двигател за локалната економија и пример за тоа како поддршката на малите и средни претпријатија може да доведе до нови работни места и развој на локалната економија.

Можете да прочитате

Сообраќајка на експресниот пат Градско – Прилеп – во целосен прекин е ставен сообраќајот

Митева: Владиното мнозинство е стабилно и без Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи

УХМР: Преку ден сонце, потоа невреме и грмежи