Утрински Весник
Спорт

Перез: Прават драма затоа што јас сум Мексиканец

Перез: Прават драма затоа што јас сум Мексиканец

Серхио Перез од Ред Бул, во неделата, во Сингапур ја забележа втората победа оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

По серијата малку полоши пласмани, Мексиканецот поведе уште на самиот старт на патеката Марина Беј и не го испушти до крајот на трката.

„Оваа победа ми значи многу. Сепак, не правам спектакл од тоа. Секогаш сум под радарот и тоа ми се допаѓа“, изјави Перес.

Мексиканецот сега е на два бода од Шарл Леклер во битката за второто место во генералниот пласман. За Перез медиумите често велат дека нема место во Ред Бул, што Мексиканецот го демантираше со добрите изданија и минатата и оваа сезона, кога беше голема поддршка за актуелниот шампион и лидер во овогодинешниот шампионат, Макс Верстапен.

„Ако не сум на подиумот на две трки, веднаш има драма. Веројатно причината е што доаѓам од Мексико и потоа луѓето постојано велат дека јас сум најголемата грешка на Ред Бул. Мислам дека патеката најдобро се гледа дали луѓето се во право или не“, изјави Перес.

Следната трка во Формула 1 шампионатот се вози викендов во Јапонија.

Можете да прочитате

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите