Утрински Весник
Спорт

Пеп импресиониран од Халанд: Ист е како Кројф и Златан!

Пеп импресиониран од Халанд: Ист е како Кројф и Златан!

Пеп Гвардиола повторно ја испофали својата нова ѕвезда, Ерлинг Халанд, откако тој постигна фантастичен гол против поранешниот клуб Борусија Дортмунд, споредувајќи го како „мешавина“ на Јохан Кројф и Златан Ибрахимовиќ.

dobivaj vesti na viber

Норвежанецот им донесе победа на Сити со акробатски гол во 84. минута, негов 13. гол во само осум меча по преселбата на „Етихад“. Гвардиола вели дека голот го посветил на Кројф и Ибрахимовиќ (кого саркастично го нарече ‘драг пријател’ по конфликтот кој го имаа додека беа во Барса).

„Луѓето кои ме познаваат го знаат влијанието кој Јохан Кројф го имаше на мојот живот, како личност, и ментор. Тој имаше неверојатен гол на ‘Ноу Камп’ за Барселона против Атлетико Мадрид. Кога го видов Ерлинг, веднаш си помислив дека е многу слично. Исто така се потсетив на мојот драг пријател Ибрахимовиќ, кој имаше способност да ја постави ногата до кров, и Ерлинг е многу сличен. Тој е еластичен, флексибилен и знае како да ја смести топката во гол“, вели Гвардиола.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина