Утрински Весник
Македонија

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

20260108185202 big 730x400 55.webp.webp

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен градски и приградски превоз секој ден во неделата, информираа попладнево од јавното претпријатие „Градски превоз” Кавадарци. Оттаму соопштија дека услугата ја овозможуваат заедно со Општина Кавадарци. 

– Се работи за градските линии после осум часот, како и без ограничувања, за приградските линии, појаснија од „Градски превоз”. 

Претходно и претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, информираше за бесплатен градски превоз за сите пензионери секој ден на територијата на општина Кавадарци,  овозможен преку ЈП „Градски превоз Кавадарци“ од први јануари 2026 година.

– Ова беше дел од предизборната кампања – ветување кое денес е исполнето. Продолжуваме со дела, не со зборови, сподели Рамов. 

Можете да прочитате

Филипче: Кој оди на состанок кај Мицкоски, му дава легитимитет на криминалот и изолацијата на земјата 

Двајца скопјани пронајдени мртви во викендица во Гостивар

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство