Утрински Весник
Економија

Пензионерите излегоа на протест: моментната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот

Пензионерите излегоа на протест: моментната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот

Скопските пензионери денеска излегоа на протест со барање за покачување на минималната пензија во согласност со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии.

dobivaj vesti na viber

Тие на протестот што се одржа во Паркот на жената борец истакнаа дека не се работи за партиски протест, туку за егзистенцијален. Пензионерите посочија дека моментната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

За наредната недела најавија помасовен протест со пензионери од повеќе градови.

Денеска, на протест излегоа и кавадаречките пензионери. Тие упатија барање за линеарно покачување на пензиите, а минималната да не е помала од 20 илјади денари.

Пензионерите од Кавадарци повикаа на помасовен протест в петок.

Можете да прочитате

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 20 милиони евра кон 119 компании

СДСМ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

ММФ предупредува: Растот на цените на енергенсите може да доведе до нов бран инфлација и да го забави економскиот раст во земјава