Утрински Весник
Македонија

Пензионери од Австрија донираа опрема за кавадаречката болница

3 4 1170x780 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Австриското Здружение на пензионери ,,Хикоде” обезбеди голема донација во вид на медицинска опрема за кавадаречката болница.

Денес преку Министерството за здравство, директорката на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност д-р Гордана Камчева, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, ја прими донација од Здружението на пензионери ,,Хикоде’’ од Австрија.

Како што известуваат од болницата, донацијата се состои од: 25 болнички кревети, 8 душеци, 35 помошни маси, 20 постелнини, 20 кревети за преглед, 5 бебешки кревети, 1 стерилизатор, 25 инвалидски колички, 10 столеви за тоалет, 10 помагала за движење, 10 сталки за инфузија, 80 патерици и 3 колички за прва помош со фиоки.

-Донацијата од ,,Хикоде” е повеќе од добредојдена во нашата болница и значително ќе ги подобри условите на одделот гинекологија и воопшто целата болница, исткнаа од болницата, а директорката изрази огромна благодарност до здружението и Министерството, и се осврна на динамиката на идното работење на оваа установа.

Можете да прочитате

Мицкоски остро до Софија за македонскиот јазик

Лицата фатени со фалсификувани пари на автопатот Гостивар–Тетово

Попладне врнежи од дожд – 24info.mk