Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април

Penzioneri6 14894 39nxbyditctl2sfcoj4mww.jpg
Img 7972

Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари, на 1 април, со исплатата на мартовската пензија. Првиот дел, од 2.500 денари, веќе беше исплатен во октомври. Власта истакнува дека за овие средства се обезбедени доволни ресурси во Буџетот и дека не очекуваат никакви проблеми со пензискиот фонд, додавајќи дека стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) е загарантирана. Се очекува ПИОМ да биде стабилен во наредните шест до седум години, додека не започнат исплатите од Вториот пензиски фонд.

За 2025 година, во Буџетот се предвидени 105,5 милијарди денари за исплата на пензиите, што вклучува средства за најавеното зголемување од 2.500 денари. Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, изјави дека ќе се продолжи со краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетскиот дефицит. Тој очекува пораст на приходите од придонеси, додека стапката на пензиско осигурување ќе остане на 18,8 проценти.


Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија го поздрави зголемувањето на пензиите, нагласувајќи дека секое зголемување е добредојдено за пензионерите, но истовремено истакнаа важноста од очувување на фискалната стабилност на ПИОМ за да се обезбеди редовна исплата на пензиите.

Зголемување на старосната граница за пензионирање: предлогот на Фискалниот совет
Од Фискалниот совет на Македонија дојде предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и жени, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на ПИОМ. Во нивното мислење, предложено е ова зголемување да влезе во сила од 2026 година, истовремено зголемувајќи ја стапката на пензиско осигурување за 0,7 проценти, односно на 19,5 проценти.

Премиерот Христијан Мицкоски категорично одби вакви мерки во новогодишното интервју, истакнувајќи дека неговата влада нема да ја зголемува старосната граница ниту ќе ги зголемува придонесите за пензиско осигурување. Тој нагласи дека приоритет ќе биде борбата против сивата економија и намалување на даночната евазија за да се соберат повеќе средства во Буџетот.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос

Филипче: Верувам дека граѓаните го препознаваат квалитетот на нашите кандидати, имавме искрена кампања

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас