Утрински Весник
Свет

Пентагон најавува нов пакет помош за Киев од две милијарди долари

Пентагон најавува нов пакет помош за Киев од две милијарди долари

Пентагон денес ќе објави нов пакет оружје за Украина во вредност од повеќе од две милијарди долари, изјавија официјални лица за Блумберг.

dobivaj vesti na viber

Средствата доделени во рамките на Иницијативата за безбедносна помош ќе бидат искористени за купување на ракетни фрлачи и ракети Хок, како и за два вида напредни ракети за противвоздушна одбрана Патриот.

Воздушната одбрана е главен приоритет за Киев за да се спротивстави на речиси секојдневните руски воздушни и копнени напади со крстосувачки и балистички ракети врз градовите како дел од долгоочекуваната контраофанзива, пишува Блумберг.

Можете да прочитате

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски

Американски медиуми: Бесент и Силуанов разговараа за можно завршување на војната во Украина

Анкета: Марин Ле Пен би победила на претседателски избори во Франција