Утрински Весник
Свет

Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико

Mexico.webp.webp

Американската армија ќе испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико, соопшти Белата куќа два дена откако претседателот Доналд Трамп потпиша указ за миграцијата,

Дополнителните трупи вклучуваат 500 маринци, како и екипажи на армиските хеликоптери и разузнавачки аналитичари. Тие ќе им се придружат на 2.200 активни воени лица и илјадници војници на Националната гарда, кои беа на границата пред инаугурацијата на Трамп.


Трамп за време на првиот мандат нареди нареди распоредување на 5.200 војници за обезбедувањето на границата со Мексико. Демократот и поранешен претседател Џо Бајден, исто така, испрати војници на границата. 

Можете да прочитате

Украина: Севернокорејците се вратија во Курск, напаѓаа 16 часа без престан

Трамп рече дека денеска ќе објави царини од 25 отсто за челик и алуминиум и потврди дека сака САД да ја купат Газа

Трамп побара да се запре производството на ковани центи