Утрински Весник
Македонија

Пендиков во охридската судница влезе во костум, си седна до напаѓачот

Пендиков во охридската судница влезе во костум, си седна до напаѓачот
300x250 (7)

Новопечениот Бугарин Христијан Пендиков дојде во охридскиот суд каде ќе треба да сведочи против обвинетиот Илија Спасевски. Иако претходно тврдеше дека неговата безбедност е загрозена во Македонија, Пендиков сега седна до Спасевски, за кого тврди дека го натепал во Охрид. Досега, во неколку наврати, судот не можеше да го најде оти беше во Бугарија и оттаму испраќаше навреди и обвинувања кон Македонија.

dobivaj vesti na viber

Design space paper textured background

Ss1

Вчера, Пендиков изјава даваше и пред охридското Обвинителство кое води постапка и против битолчанец, а поради неговото натепување. Тој доаѓа од Бугарија откако таму беше однесен со специјален авион на лекување. Во меѓувреме, доби и бугарско државјанство со највисоки почести. Пендиков, беше и секретар во бугарското здружение „Цар Борис III“ во Охрид.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

„На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.

Ss1

Можете да прочитате

Изјава на јавниот обвинител Бајрами, претседател на Комисијата на ЈОРСМ за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите

Грчки државјанин починал во казино во Битола

МВР: Изборниот процес се одвива мирно